create - онтологија

гради повеќе

градат
Вид збор: Глагол, несвршен
прави, создава
Албански: krijon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гради нов живот.

изгради повеќе

Види и: гради (несв.)
изградат
Вид збор: Глагол, свршен
Создаде, воспостави, оформи (за поими).
Албански: ndërtoj, krijoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Изгради строги критериуми.

изнедри повеќе

изнедрат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе од недра.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Токму поради распределбата на државните пари се кренати револуции кои ја изнедрија парламентарната демократија.

креира повеќе

креираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Создаде, создава некакво (уметничко, научно) вредно дело.
Албански: krijoj

направи повеќе

направат
Вид збор: Глагол, свршен
Напише текст, административен акт и сл.
Албански: krijoj
Примери:
Секретарот ги направи одлуките од последната седница на Советот.

настане повеќе

настанат
Вид збор: Глагол, свршен
Се создаде, се добие, произлезе од нешто.
Албански: krijoj
Примери:
Езерата настанале со тектонски поместувања на земјиштето.

организира повеќе

организираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Формира, основа, образува нешто.
Албански: krijon
Примери:
Тие веќе организираа власт.

побуди повеќе

побудат
Вид збор: Глагол, свршен
предизвика, створи
Албански: shkaktoj, krijoj
Примери:
Побуди силни емоции.

пораѓа повеќе

пораѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пораѓа) се создава, се појавува, настанува
Албански: krijohet, formohet
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Утре, кога сонцето ќе реши да се пораѓа, ќе тргнеме на прошетка.

породи повеќе

породат
Вид збор: Глагол, свршен
предизвика, создаде, причини
Албански: krijoj
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење
Примери:
Најважно е како се чита книгата и какви чувства и мисли породила таа кај нив.
(се породи) Настане, се создаде.
Албански: lind, krijohet
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење
Примери:
Секакви сомненија ќе се породат кај луѓето.

продуцира повеќе

продуцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
изведе, изведува, претстави, претставува
Албански: krijoj
Примери:
Музичката група продуцираше нов албум.

раѓа повеќе

раѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Создава, дава почеток на нешто.
Албански: krijoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лошото не раѓа добро.

создава повеќе

Види и: создаде (св.)
(се) создаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) создаде
Албански: krijoj
Примери:
Тој создава во многу поповолни услови.

создаде повеќе

создадат
Вид збор: Глагол, свршен
Изработи, направи нешто што го немало порано, осигури нешто.
Албански: krijon
Примери:
Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите?
Изработи дело на уметноста, културата.
Албански: krijon
Примери:
Се мисли особено на онаа литература што ја создаде Чинго.
(се создаде) изникне, се појави
Албански: u krijua
Примери:
Се создаде тешка ситуација.

состави повеќе

состават
Вид збор: Глагол, свршен
создаде, напише, изработи
Албански: krijoj
Примери:
Состави учебник.

сотвори повеќе

(се) сотворат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) создаде
Употреба: Архаизам
Примери:
Така се сотворил светот.

сплете повеќе

сплетат
Вид збор: Глагол, свршен
сочини, создаде, измисли
Албански: krijoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
И песна ќе му сплетат.

ствара повеќе

Види и: створи (св.)
ствараат
Вид збор: Глагол, несвршен
создава
Српски: створити
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Така овој совршен циклус на вежби ствара навики на здраво и креативно живеење.

створи повеќе

(се) створат
Вид збор: Глагол, свршен
создаде
Албански: krijoj
(се створи) се создаде
Албански: krijohet

твори повеќе

творат
Вид збор: Глагол, несвршен
Создава во уметничка смисла.

установи повеќе

Види и: востанови (св.)
установат
Вид збор: Глагол, свршен
основе, формира, создаде
Албански: krijoj, formoj